Голманката Слободанка Кицеска е новото засилување на Металург Автокоманда. По четири успешни сезони во редовите на актуелниот шампион Ѓорче Петров, таа реши да направи нов чекор во својата кариера. Со Ѓорче Петров освои две двојни круни и имаше значаен придонес во одличните настапи на клубот во Европскиот Куп.

Искусната голманка, која потекнува од Стружанка, во својата кариера го бранеше голот и на Чаир и Вардар. На репрезентативен план има настапувано за младинската селекција како и за сениорскиот национален тим.

Во подготовките за новата сезона, Металург веќе се засили со неколку нови имиња. Во тимот пристигнаа крилото Анастасија Никовска и бековите Јерсек, Божиновска и Колароска, со што екипата сериозно го зацврстува ростерот и амбициите за следната сезона.

Металург ги продолжи договорите со клучни ракометарки од минатата сезона. Верни на клубот му останаа крилата Ѓошевска, Гугуњанова и Миновска, голманката Гошевска, бекот Јанкуловска, како и кружните напаѓачи Ивана Димоска и Александра Коловска.

Ивона Кимовска