Стартот на евро-квалификациите на фудбалската репрезентација на Македонија, закажан за во четврток со дуелот против Малта, е причината поради која денеска беа одиграни четири од петте натпревар од 23-тото коло во Првата лига.
Три од четирите средби завршија со победа на гостите и тоа, минимални победи забележаа лидерот на табелата Струга Трим Лум против Работнички, односно Македонија Ѓорче Петров која гостуваше во Кавадарци, додека Силекс беше убедлив во дуелот против прилепска Победа.
Единствено, шампионот Шкупи не го искористи водството во Струмица па одигра „реми“ со Академија Пандев.
ПМФЛ РЕЗУЛТАТИ 23.КОЛО
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л. 0-1
Утре ќе се игра натпреварот СКОПЈЕ – ШКЕДИЈА, а слободна во оваа рунда е штипска Брегалница.