Германскиот тим Баерн Минхен е четвртиот што обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД.

Баварците во четвртфиналниот меч одигран во Мајами го совладаа бразилскиот тим на Фламенго со 4:2.

Целата работа германскиот шампион ја заврши уште во водените 10 минути кога создаде два гола предност. Веќе во шестата по корнерот од левата страна Пулгар си постигна автогол, за водство на Баерн од 1:0. Само четири минути подоцна Хари Кејн со прецизен удар од далечина зголеми на 2:0.

Фламеного за миг ја врати неизвесноста, откако Герисон во 33.минута намали на 2:1. Сепак веќе во 42.минута повторно Баерн имаше два гола предност, а стрелец на третиот за баварците беше Горецка.

По нецели десет минути игра во вториот дел Фламинго пак се врати во игра, со голот на Жоржињо од пенал намали на 3:2. немаа сили Бразилците за израмнување, а за тоа се погрижи и Хари Кејн. Англичанецот во 73.минута по втор пат се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 4:2.

Така Баерн на 5 јули (18 часот) во Атланта во полуфиналето ќе игра против актуелниот европски шампион ПСЖ.

Парижаните место меѓу осумте најдобри обезбедија со убедливата победа над Интер Мајами, по што за Меси и дружината шампионатот заврши.

Следете нé на социјалните мрежи