Сѐ поголема е конкуренцијата во акцијата на Златна Копачка за егзотичното патување на Малдиви или Куба. Затоа денес ги засукавме ракавите и составивме тикет со повисок вкупен коефициент од моменталниот водечки, за да си ги зголемиме шансите да бидеме добитници на главниот подарок што го доделува најдобрата обложувалница во Македонија.

Потребен ни беше повисок коефициент од 71.97, успеавме со седум парови да составиме малку повисок вкупен коефициент, а сепак типовите да се реални и возможни.

ФЛАМЕНГО – ЧЕЛСИ: Победа гостин

Челси рутински ја почна кампањата на СКП, а Мареска сигурно посакува да се продолжи во ист ритам и во дуелот против бразилскиот претставник. Чиста двојка е нашиот избор за оваа средба со оглед на фаворитската улога која ја имаат Сините од Лондо.

ДРОХЕДА – СЛИГО Р.: 2+ гола во прво полувреме

Во петте последни меѓусебни дуели во кои тимот на Дрохеда бил домаќин, имало најмалку три погодоци, а овојпат нам ни се потребни барем два гола во првите 45 минути.

ШПАНИЈА У21 – АНГЛИЈА У21: 3+ гола

Репризата од финалето од 2023 година би требало да донесе многу возбудувања и драма, но за разлика од тоа финале во кое еден погодок ѝ ја донесе европската титула на Англија, овојпат очекуваме барем трипати да се затресат мрежите.

ИНТЕР – УРАВА РЕДС: Победа домаќин на полувреме и на крај и 3+ гола

Интер по киксот со Монтереј мора да го надигра јапонскиот тим и тоа со убедлив триумф за да си ги зголеми шансите за пласман во нокаут-фазата од Светското клупско првенство.

ГЕРМАНИЈА У21 – ИТАЛИЈА У21: 3+ гола

Уште едно дерби на Европското за млади во кое бараме најмалку три погодоци. Иако во натпреварувачки рамки овие две селекции најчесто решаваат со еден гол, се надеваме дека битката за пласман во полуфиналето ќе биде исполнето со голови.

ФЛУМИНЕНСЕ – УЛСАН ХД: Победа домаќин

Флуминенсе покажа дека е тврд орев против Дортмунд, а сега е апсолутен фаворит против Улсан и не се очекува ништо помалку од победа на бразилскиот тим.

РЕАЛ МАДРИД – ПАЧУКА: 3+ гола

Кралевите не беа на потребното ниво во ремито против Ал Хилал, па наместо да ризикуваме да типуваме победник на средбата, се одлучивме да играме на голови, а знаејќи го напаѓачкиот квалитет со кој располага Чаби Алонсо, би требало да има барем три погодоци на средбата.

Овој предлог-тикет го уплативме со минималниот влог од 70 денари кој е услов за да учествуваме во егзотичната акција на Златна Копачка. Доколку сакате да ја искористите шифрата за брза уплата, имате време да го сторите тоа до вечер до 20 часот.

ШИФРА: W06201059522