Годишниот шампион во кошаркарската НБА лига ќе биде решен во „мајсторката“ односно седмиот натпревар.

Ова откако тимот на Индијана ноќеска славеше во дуелот со Оклахома Сити со што го израмни резултатот на 3-3 во победи. Пејсерси пред својата публика победија со 108:91.

Тоа беше натпревар во кој неизвесноста постоеше само во првата четвртина. Во втората Пејсерси ја направија клучната предност, добивајќи го периодот до 36:17. Во продолжението се беше полесно за домашниот тим кој заслужено се радуваше.

Оби Топин постигна, најмногу, 20 поени за победничкиот тим, за кој Ендру Нембхард со 17 поени. Паскал Сиакам имаше дабл-дабл со 16 поени и 13 скока, додека Тајрис Халибартон заврши само со 16.

МВП-то на лигата, Шаи Гилгиус-Александар, не беше на своето стандардно ниво, но сепак беше најефикасниот играч на Тандер со 21 поен.

Така за прв пат од 2016 година, ќе го гледаме седмиот натпревар од финалето на НБА. „Мајсторката“ е закажана за ноќта недела кон понеделник во 2 часот во Оклахома.