Женскиот ракометен клуб Вардар успеа да ја задржи својата стабилност и континуитет со тоа што најголемиот дел од играчкиот кадар го продолжија договорот и за претстојната сезона.
Раководството на ЖРК Вардар објави дека речиси сите клучни ракометарки остануваат во тимот и во сезоната 2025/26. Станува збор за играчки кои имаат значајна улога во последните успеси на клубот.
Најпрво, договорот го продолжи капитенот Андреа Илиќ, која и понатаму ќе биде лидерот на теренот и во соблекувалната. Сигурноста на голот останува во рацете на младата Ѓорѓиевска, која ја продолжува својата соработка со клубот.
На крилните позиции, остануваат Леона Миленковска и Ивона Кимовска. На пивотската линија продолжуваат и Ива Кимовска, Нина Попова и Михаела Велјановска. Меѓу бековите, довербата ја задржаа Нина Милевска и Јасмина Попова.
Во наредниот период се очекува претставување на нови имиња кои ќе го засилат ростерот и ќе донесат дополнителна свежина и конкуренција во екипата.
Ивона Кимовска


































