Ракометниот клуб Охрид добива сериозно силно засилување за следната сезона. Како што потелцираат од тимот Охрид ќе биде подобар во одбраната со најдобриот шпански дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025.
Имено, клубот се договори со Шпанецот, Ориол Реј Моралес, кој се обврза на миниум 2 годишен договор.
Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранолерс. Тој шест сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и 2 сезони во француското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс.
Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш на поширокиот состав за сениорскиот тим.