Ракометарите на Вардар вчера во го освоија првиот пехар сезонава, Купот на Македонија. Тие во финалето го совладаа „лутиот“ ривал Еурофарм Пелистер тик против кој ќе се борат и за шампионскиот трофеј.

Токму овие два тима во меѓусебен дуел во сабота ќе решаваат кој ќе виде идниот првак на Македонија.

Натпреварот е закажан за в- сабота (7 јуни, 2025) во 19,30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Денеска во продажба пуштени се картите за овој мега ракометен спектакл.

Цените на влезниците се по 150, 250 и 300 денари, а може да се купат преку мрежата на МК Тикетс, онлајн и низ нивните продажни места.

До крајот на првенството остануваат уште две кола, а двата тима имаат ист број на бодови. Пред дербито во сабота, Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Алкалоид, а Вардар патува за Кавадарци кај Тиквеш.