Европската ракометна федерација (ЕХФ) излезе со соопштение за не одиграниот реванш финален дуел меѓу Алкалоид и АЕК.
Според објавеното, од „куќата на европскиот ракомет“ немаат „компас“ каде тераат.
Иако е се кристално јасно, луѓето од ЕХФ, наместо одлука, поведоа постапка и тоа против двата клуба.
„Европската ракометна федерација им ги предаде сите релевантни информации што ги поседува на своите надлежни органи и побара покренување судски постапки против клубовите на РК Алкалоид и АЕК Атина.
Овој чекор беше преземен откако реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ помеѓу двата клуба во недела, 25 мај, беше откажан.
Информациите доставени од ЕХФ до правните органи, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот.
Од двата клуба е побарано да ги достават своите изјави, односно информации од нивна страна, за да бидат разгледани од страна на правните органи.
Понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе законска одлука.