Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска имаше брифинг со медиумите. Тој разговараше на сите отворени теми поврзани со мак-фудбалот. 

Секако, најголем интерес кај новинарите имаше за случајот на „наместениот натпревар“ Кожув – Башкими, за кој сеуште се води постапка. 

„Сите преземени активности се согласно правилниците на ФФМ.

Но, нема да обвиниме никого за кого не постои доказ. Воедно, никој нема да биде заштитен доколку се докаже спротивното.

Предметот од МВР и ОЈО во Гевгелија е сработен. Сепак, овој случај ни од далеку не е готов“, истакна Омерагиќ. 

Што се однесува до новитетите во мак-фудбалот, воведувањето на ВАР секако е приоритет, а поголема регуларност на првенството. 

Воедно претседателот на ФФМ, Омерагиќ најави и промени и воведување на нови термини на прволигашките натпревари. 

„Натпревари ќе се играат три дена, петок, сабота и недела и ќе има преноси од секој натпревар во ПМФЛ.

Лигата да биде скратена, секако ќе има и ВАР, очекувам лично следната сезона да биде на повисоко ниво“,
нагласи Омерагиќ.