Возбудливо беше во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА плеј-офот. Екипата на Индијана го победија Њујорк на гости и тоа по продолжението.

Домаќините имаа водство од два поени на крајот од првата четвртина (36:34), а ја зголемија на плус седум на полувремето 69:62. Гостите имаа подобар почеток во третата четвртина.

Кога 2:51 минути Никси имаа +14, сите мислеа дека Њујорк ќе стартува со победа. Сепак, следуваше нереален пресврт. За прв пат во НБА плејофот, тимот пропушти предност од 14 поени или +9 на минута пред крајот.

Тајрис Халибартон погоди со звукот на сирената за израмнување на 125:125 и го однесе натпреварот вп продолжение, а потоа и победа со 138:135.

Тајрис Халибартон беше најефикасен во редовите на Пејсерс со 31 поен и 11 асистенции, а од 30 поени стигна Арон Несмит.

Ниту 43-те поени на одличниот Џејлен Брансон како и дабл-даблот ефектот на Карл-Ентони Таунс со 35 поени и 12 скока не им помогнаа на домаќините.

Така Индијана уште на стартот на финалето како и претходно во полуфиналето со Бостон, направи „брејк“ за водство од 0:1 во победи. Вториот дуел е закажан за ноќта во петок кон сабота.