Во пресрет на утрешното финале во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Вардар и Струга ТЛ, денеска ќе се одржи вообичаената прес конфедерација.
На истата тренерите на двете екипи Гоце Седлоски и Илчо Ѓоргиоски заедно со капитените ќе ги искажат своите очекувања. Разбирливо целта на двата тима е освојување на трофејот.
За Вардар тоа ќе биде вкупно седмо финале во Купот на Македонија, а прво по 18 години односно 2007-мата. Тогаш вардарци ја совладаа прилепска Победа и го освоија шестиот куп трофеј.
Стружани во своето второ финале ќе се борат за првата титула.
Ние Ве прашуваме, КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ !
АНКЕТА ФУДБАЛ КУП МКД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈАФиналниот натпревар на арената „Тодор Проевски“ што ќе се игра утре, ќе почне од 20 часот.
Во продолжение потсетуваме на патот до финалето на двете екипи.




































