Кошаркарите на ТФТ се вторите што обезбедија пласман во финалето на Првата машка лига. Екипата од скопската населба Тафталиџе и трет пат беа подобри од Работнички.

Во натпреварот број 3 од полуфиналето на плеј-офот, ТФТ вечерва славеше со 92-73 и ја заокружи серијата со „метла“.

Победата ТФТ ја најави во првото полувреме. Иако Работнички за нијанса беше подобар во период квартал (27-25), во вториот ТФТ одигра одлично. Особено тоа се однесува во играта во одбраната, која му дозволи на Работнички да постигне само 11 поени. На одмор тимот предвоен од Боро Смилковски замина со двоцифрена предност 38-48.

А, по одморот, ново 10 брилијантни минути одиграа гостите. ТФТ го доби и третиот периодот, за во последниот да везе со огромни 21 поен разлика (50-71). Јасно беше дека Работнички нема што да бара во овој натпревар, па на крајот ТФТ заслужено се радуваше на пласманот во финалето.

Така ТФТ се избори за своето прво историско финале во кое ќе го предизвика актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој во три натпревари беше подобар од МКК Куманово.

И финалната серија ќе се игра во три добиени на принципот дома-гости-дома (2-2-1), а предноста на домашниот терен ќе ја има МЗТ.