Со одигрувањето на денешните натпревар од последното 30 коло, заокружена е сезоната и во Втората македонска фудбалска лига.

Македонија Ѓорче Петров и Арсими. како две прво пласирани екипи на табелата, следната сезона ќе изборија настап во прволигашкото друштво.

За него преку бараж ќе се борат екипите на Башкими и тимот на Беса.

Ова откако денеска Башкими во директна пресметка на гостински терен ја совлада штипска Брегалница и заврши како трето пласирана екипа на табелата.

Така сега фудбалерите на Башкими за пласман во Првата лига ќе треба да го минат составот на Беса која во прволигашката конкуренција заврши ја 10-тото место.

Велешки Борец и тимот на Вардарски ќе се преселат во понизок ранг, а кочански Осогово ќе игра бараж за опстанок во Втората лига.