Екипата на Ангели е вториот тим што обезбеди и пласман следната сезона во прволигашката кошаркарска конкуренција.
Тие го добија третиот решавачки полуфинален дуел со штипските Соколи и со 2:1 во победи ја затворија серијата.
На „мајсторката“ што се одигра попладнево во Скопје, штипската екипа одигра подобро прво полувреме. Во по првиот квартал Соколи имаа четири поени предност 17-21. Првото водство домашниот тим го имаше во 14-тата минута со 26-24. На полувреме се замина со резултат 33-41 за гостите од Штип.
Во второто полувреме штипјани водеа се до 26-тата минута, по што по мотивираниот домашен тим го презеде водството. Во последната четвртина Ангели влегоа со предност со девет разлика 63-54. Иако гостите од Штип успеаја да се диближат на -3 негатива, тоа беше се што сторија. Избраниците на Игор Гацов знаеја како да го приведат кон крај натпреварот и на крајот заслужено славеа со 82-70.
Во второлигашката конкуренција остануваат да се одиграат уште натпреварите за пласман од 1 до 4 место. Во финалето Ангели за противник ќе го има Маџари, кој во полуфиналната рунда го совлада МЗТ Скопје У.Б.
Без разлика на исходот од финалниот меч, двата тима Маџари и Ангели следната сезона ќе играат во Првата лига. За утешното трето место ќе играат МЗТ Скопје У.Б. и Соколи, кои и следната сезона ќе бидат второлигаши.