Ништо ново кога во прашање е освојувањето на Купот на Македонија во фудбал во женска конкуренција.

Трета година во низа фудбалерките на Љуботен го освојуваат Куп трофејот.

Во годинашното финале, одиграно попладнево во Скопје, екипата на Љуботен со 3-0 беше подобра Тиверија.

Така екипата на Љуботен оствари ,,хет-трик” во финалињата, во кои изминатите две беше подобар од Каменица Саса.

За екипата на Брера Тиверија, ова ќе беше четврто финале, по кое остана на еден трофеј од 2018 година.

FOTO: MATEJCHO