Полека привршува и кошаркарското првенство на Македонија, во кое на програмата е разигрувањето односно плеј-офот.
Дамите денеска ја почнуваат финалната серија по која ќе го дознаеме и шампионот за оваа сезона.
За титулата ќе се борат екипите на Баскет Кам и Крива Паланка.
Тимот од Македонска Каменица, е актуелен шампион и ќе се обиде да ја освои својата четвртата титула.
Предизвикувачот екипата на Крива Паланка атакува на својот прв трофеј во клупската историја.
Финалната серија се игра во три добиени натпревари, а почнува попладнево од 18 часот.