Тимот на Индијана Пејсерс е првиот што обезбеди пласман во конференциското финале и тоа на истокот во НБА лигата.
Пејсерси го добија петтиот натпревар против Кливленд на гостински терен со 105:114 и со 4-1 во победи ја затворија полуфиналната серија.
Тајрис Халибартон со 31 поен и Паскал Сијакам со 21 ги водеа Пејсерс до триумфот.
кај Кавалирс најмногу се истакна Донован Мичел со 35 поени, но најдобриот тим во лигата од регуларниот дел, ја заврши сезоната.
За Индијана ова е второ конференциско финале по ред. Во него Пејсерси ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Њујорк и Бостон, во кој Никс водат со 3-1 во победи.