Екипата на Македонија Ѓорче Петров се враќа во прволигашкото друштво следната сезона. Ова откако „лавовите“ од Ѓорче денеска останаа не поразени во дуелот од претпоследното коло во Втората лига.
На гостувањето во Гостивар кај Арсими тимот на Грнчаров одигра 0-0 што беше доволно да го потврди својот пласман во Првата лига.
Арсими остана на 2.место и е многу блиску до прволигашки статус.
Што се однесува до третото рангираниот тим што преку бараж ќе брка прволигашки статус. Тоа ќе биде решено во последното коло. Ова откако Башкими и Брегалница денеска славеа победи, по разликата меѓу нив остана два (2) бода. Токму овие два тима ќе играат меѓусебно во последното коло и тоа во Штип.
Сепак не треба да се заборави дека кумановската екипа е предадена на дисциплинците при ФФМ, поради месење на натпреварот со Кожув кој Башкими го доби (2-1). сепак, бодовите не им беа впишани. Лесно може да се случи Башкими да добие и поголема санкција, да биде префрлен во најнизок ранг на натпреварување.
ВТОРА ЛИГА – 28.КОЛО
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
ОХРИД ЛИХНИДОС – БРЕГАЛНИЦА 0-1
БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 3-2
ВАРДАРСКИ – ВАРДАР НЕГОТИНО 0-3
КАМЕНИЦА САСА – ОСОГОВО 1-0
НОВАЦИ – СКОПЈЕ 4-0
ПОБЕДА – КОЖУФ 1-2
БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ 1-1
ТАБЕЛА: Македонија Ѓ.П. 64 бодови, Арсими 62, Башкими 60, Брегалница 58 …




































