Кошаркарските второлигаши, денеска и утре, го почнуваат финалето пред финале.

Ова имајќи во предвид, дека екипите што ќе се пласираат во финалето, следната сезона ќе бидат дел од Првата лига. Затоа влогот во целата сезона се две победи во полуфиналната серија.

Во неа како главни фаворити се издвојуваат кошаркарите на Маџари кој регуларниот дел од сезоната го завршија на првото место. Искусниот тим, таа улога ќе мора да ја потврди на теренот во дуелот со втората екипа на МЗТ Скопје У.Б.

Младите аеродромци во првиот дел од сезоната еднаш го изненадија и совладаа противникот, а беа блиску тоа да го направат и на вториот дуел. Затоа избраниците на Мишо Тодоровиќ денеска ќе мораат сериозно да си ја сфатат задачата уште од првата секунда, па се до крајот на мечот.

Маџари ќе ја има предноста на домашниот терен, во серијата што се игра да две победи. Денешниот дуел ќе почне од 19 часот.

За утре (недела 18 часот) е закажана и првата пресметка од полуфиналето меѓу Ангели и штипските Соколи.

Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.