Се одиграа и двата натпревари од претпоследното 5.коло во плеј-аут конкуренцијата на Првата кошаркарска лига.
Екипата на Гостивар е блиску да обезбеди опстанок во првата лига. Ова откако гостиварци пред својата публика го совладаа Тиквеш со 84-69. Во последното коло тие ќе ја имаат улогата на фаворит во дуелот со последно пласираниот Вардар. Па, доколку не се случи нешто „не предвидено“ Гостивар и следната сезона ќе биде прволигаш.
„Кикс“ на Гостивар ќе чека тимот на Шкупи. Чаирчани денеска го надиграа Вардар со 104-79, па сега има ист број на бодови како и Гостивар.
Но, за опстанок на Шкупи во последната рунда, освен пораз на Гостивар, ќе им треба и победа над Тиквеш и тоа на гостувањето во Кавадарци.
Последното плеј-аут коло ќе се игра претстојниот викенд.
ПРВА ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ Последно 6 коло
ТИКВЕШ – ШКУПИ
ВАРДАР – ГОСТИВАР
ТАБЕЛА: Тиквеш 39, Гостивар 37, Шкупи 37 и Вардар 28




































