Екипата на тетовска Шкендија ја слави својата петта титула фудбалски првак на Македонија.

Ова откако тетовци денеска славеа над Работнички во дуелот од 31.,коло на ПМФЛ. Тие на две кола до крајот имаа недостижни 4 бодови повеќе од второ пласираниот Силекс. Иако математички е е така, сепак треба да се има во предвид дека во следното коло Шкендија ќе прокнижи службени три бодови од дуелот со Гостивар.

Претходните четири шампионски трофеи тетовци ги освоија во сезоните: 2010/11, 2017/18, 2018/19 и 2020–21. Сега Шкендија е втора на вечната листа, со шест трофеи помалку од Вардар (11), а еден повеќе од денешниот ривал Работнички (4).

Што се однесува до денешниот натпревар. Головите за Шкендија ги постигнаа Латифи (2.минута) и Тамба (33). Голот за гостите од пенал во 62.минута го постигна Јамајчанецот, Далеј.

Од другите два натпревари. Во Кавадарци, Тиквеш со победата над Беса речиси го осигура опстанокот во Првата лига. Кавадарчани сега имаат пет бодови повеќе во однос на конкурентите Беса, а два повеќе од АП Брера која попладнево го совлада Шкупи.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА