Во 16.коло од плеј-офот на женската ракометна Супер лига, Чаир го пречека Ѓорче Петров. Актуелниот шампион Ѓорче триумфира со 37-28, па уште сега ја потврди новата титула.
Гостите отворија со два гола, но Чаир брзо реагираше и успеа да израмни. Следуваше период на изедначена игра, во кој и двете екипи се бореа да стекнат предност, но ниту една не успеа да ја задржи. На полувреме Ѓорче сепак замина со водство од 16:14.
Во втората половина Ѓорче целосно ја превзема играта во свои раце. Во 42-та минута Ѓорче успеа да поведе со 26:21. Со цврста одбрана и ефикасен напад, тие постепено ја зголемуваа својата предност, додека Чаир се обидуваше да се врати во игра, но без успех. Во 55-тата минута Ѓорче веќе имаше убедливо водство од +7 (34:27).
На крајот, Ѓорче заслужено триумфираше со конечни 37:28.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Вранчиќ со 7 и Јершек со 6 погодоци, додека од екипата на Чаир Ѓорѓиевска со 8 и Дукоска со 7 голови.
За утре закажани се другите два натпревари.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 16.КОЛО
Сабота
ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 28-37
Недела
12.00 КУМАНОВО – ВАРДАР –
13.30 МЕТАЛУРГ А. – АСТИБО –
ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 33 бодови, Металург Автокоманда 23, Чаир 21, Вардар 9, Куманово 8, Астибо 0.
Ивона Кимовска