Битката за пласман Првата лига се заострува. Возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига продолжуваат денеска од 16 часот, кога ќе се одигра целото 27-мо коло. Со само четири рунди остануваат до крајот, а трката за позициите кои водат во Првата лига, сеуште е неизвесна.
Со мала предност се Македонија ЃП и Башким, а за третата позиција, денеска директен дуел.
Во дербито на колото, директен дуел на трето и четврто пласираните екипи. Арсими има бод повеќе, но штипска Брегалница сигурно нема да оди на гости без амбиции. Победникот од овој натпревар добива огромна предност во трката за промоција.
Лидерот на табелата Македонија ЃП го пречекува Борец последнопласираната екипа . Сè освен победа за домашните ќе биде големо изненадување.
Сериозен тест за второпласираниот Башкими кој за противник ќе го има тимот на Скопје. Гостите од Автокоманда се покажаа како тврд противник за фаворитите и има квалитет да изненадат. Домашниот тим игра под силен притисок и без простор за кикс.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ВТОРА ЛИГА – 27.КОЛО
сабота – 3 маj (16часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ
БАШКИМИ – СКОПЈЕ
АРСИМИ – БРЕГАЛНИЦА
БЕЛАСИЦА – Д. ПЛАЧКОВИЦА
ОХРИД – КОЖУФ
КАМЕНИЦА САСА – ВАРДАР Н.
НОВАЦИ – ВАРДАРСКИ
ПОБЕДА – ОСОГОВО
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 57 бода, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52…




































