Многумина си споија продолжен викенд заедно со 1 мај, меѓународниот ден на трудот, но ние наместо да одмораме решивме трудот да го вложиме во изготвување на добитна комбинација, за конечно да се израдуваме на фатено ливче.

Како и секогаш, ќе се обидеме да го сториме тоа со помош на најдобрите игри и највисоките коефициенти на Златна копачка. Од преполната понуда, издвоиме седум пара со кои атакуваме на солидна добивка, па да видиме за кои натпревари станува збор.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ВУЛВЕРХЕМПТОН: 1-1 и 2+ гола

На Граѓаните им остана да се изборат за пласман во Лигата на шампионите, па колку-толку да ја спасат катастрофалната сезона за нив. Тимот на Пеп со сигурност ќе напаѓа со сите сили против Волците, кои пак не се во опасност да испаднат од Премиер лигата, па реално нема да што да играат, освен за чест.

АСТОН ВИЛА – ФУЛАМ: 3+ гола

И Астон Вила на Емери е во тесна трка за пласман во најелитното европско натпреварување, но Фулам е доста незгодна екипа и поради тоа решивме да избегнеме типување на победник во овој дуел, но да очекуваме дека на „Вила парк“ ќе паднат барем три погодоци.

ИНТЕР – ВЕРОНА: Тим 1 2+ гола

Ако Интер може да ѝ даде на Барса три гола и тоа нагости, со сигурност може и против Верона барем двапати да ја затресе мрежата, особено што избраниците на Инзаги се во мртва трка за „Скудетото“ со Наполи.

СЕНТ ЕТЈЕН – МОНАКО: Победа гостин

Кнезовите немаат право на кикс ако сакаат да се најдат во европската елита следната сезона, па затоа се надеваме дека гостите ќе го добијат овој меч, а Сент Етјен во последните две кола од Лига 1 да го бара својот спас.

ЧЕЛСИ – ЛИВЕРПУЛ: Гол-гол 3+

Ливерпул веќе е нов шампион во Премиер лигата, но тоа не значи дека ќе ги пушти бодовите на Челси, иако на Сините и тоа како им се потребни во трката за топ 5 местата во Премиер лигата. На „Стенфорд бриџ“ овие два ривали редовно приредувале возбудливи натпревари, па токму таков епилог очекуваме и сега со полни мрежи на двете страни, односно најмалку три погодоци.

РОМА – ФИОРЕНТИНА: Тим 1 2+ гола

Професорот Клаудио Раниери ја воскресна Рома, веќе 18 меча во Серија А не знаат за пораз, а победата над Интер во претходното коло треба да биде мотив за уште една добра партија. Затоа очекуваме Волчицата барем двапати да ја затресе мрежата на Де Хеа.

РЕАЛ СОСИЕДАД – АТЛЕТИК ВИЛБАО: 1-3 гола во второ полувреме

Баскиското дерби на „Аноета“ може да биде „крваво“, особено што Билбао вчера доживеа дебакл од Манчестер Јунајтед во првото полуфинале од Лигата на Европа. Ако се тестираат нервите во првите 45 минути, има големи шанси во второто полувреме двете екипи да се отворат и да паднат меѓу еден и три погодоци.

Стандардно нашиот влог на предлог тикетот е 200 денари, а секако дека вие може да вложите колку што сакате доколку планирате да ја искористите нашата понуда. Со шифрата за брза уплата можете да го уплатите тикетот до вечерва до 21 часот.

ШИФРА: W05021117327