Во НБА плеј-офот ноќеска беа одиграни два натпревари. По нив екипата на Њујорк е полуфиналист на истокот, додека ЛА Клиперс и Денвер ќе играат мајсторка.
Во Детроит гостите од Њујорк победија со 116:113 и се пласираа во втората рунда.
Никсите доминираа во текот на целиот натпревар, Пистонсите поведоа дури на крајот од втората четвртина (61:59). Сепак на почетокот од третиот период гостите од Њујорк многу брзо ги вратија работите под контрола.
И покрај водството од 12 поени во последната четвртина, Никсите се најдоа во заостаток од седум поени на две и пол минути до крајот. Тогаш на сцена стапи Џејлен Брансон постигнувајќи осум поени до крајот на натпреварот, а тројка на шест секунди до крајот ја запечати победата од 116:113.
Брансон беше убедливо најдобриот играч на натпреварот со 40 поени.
Никсите ќе играат во полуфиналето на Источната конференција против Бостон Селтикс, кои ги елиминираа Орландо Меџик (4-1).
Лос Анџелес Клиперсите ја одведоа серијата против Нагетс до седми натпревар, а сè ќе се реши на 4 мај во „Бол Арената“ во Денвер.
Гостите имаа предност на крајот од првата четвртина (28:25), но не можеа да ја одржат. Клиперси имаа само еден поен повеќе на полувремето (58:57), но до крајот на третата четвртина разликата порасна на +11 (90:79). Таквата предност се покажа како решавачка, па На крајот Клиперси славеа со 111:105/
Џејмс Харден беше најефикасен на паркетот со 28 поени, но прво име на натпреварот беше Кавај Ленард со 27 поени, 10 скока и пет асистенции.
Никола Јокиќ беше стандардно најдобар играч за Нагетсите со 25 поени, седум скока и осум асистенции), а Џамал Мареј заврши со 21 поен и по осум асистенции и скока.



































