Со доаѓањето на Лука Дончиќ, многумина ги гледаа Лос Анџелес Лејкерс како главни претенденти за титулата во НБА лигата. Сепак, сонот на Леброн Џејмс и Лука за титула го сруши Минесота Тимбервулвс за само пет натпревари.

Откако заостануваа со 3-1 во победи , беше јасно дека Лејкерси ќе имаат тешка задача да се извлечат од тоа. Тимбервулвс ја завршија работата во петтиот натпревар и победија со 103:96 во Лос Анџелес, затворајќи ја серијата со резултат од 4-1.

Руди Гоберт го искористи недостатокот на класичен центар кај Лејкерси и „експлодираше“ со 27 поени и 24 скока. Џулиус Рендл постигна 23 поени, а Ентони Едвардс имаше 15, со 11 скока и осум асистенции.

Кај Лејкерси, Дончиќ ја заврши серијата со 28 поени, девет асистенции и седум скока, а Леброн со 27 поени, седум скока и шест асистенции.

Минесота сега ќе го чека исхдот од дуелот Хјустон – Голден Стејт во кој Воириорс водат со 2:3 во поебди.

Ова откако ноќеска Рокетси славеа во петтиот натпревар одигран во Хјустон со 131:116. Домашниот состав во еден миг имаше и 30 поени разлика, а на крајот победи со 15.

Вориорс брзо се помирија со поразот. Стефен Кари одигра само 23 минути и постигна 13 поени и седум асистенции во тој период. Најдобар стрелец за тимот од Сан Франциско беше Мозес Муди со 25 поени и девет скока.

Хјустон имаше неколку играчи со големо расположение. Фред ВанВлит постигна 26 поени, Амен Томпсон 25, а Дилон Брукс 24. Алперен Сенгун придонесе со 15 поени, девет скока и девет асистенции.

За два дена е закажан шестиот натпревар, во кој Вориорс повторно ќе ја имаат „меч топката“ и тоа пред своите навивачи.