Пред стартот на плеј-офот во НБА лигата, приматот на дерби го доби дуелот меѓу Денвер и ЛА Клипер. Тоа се потврди уште еднаш и во петтиот нивни меѓусебен натпревар.
Денвер убедливо ги победија ЛА Клиперс на домашен терен со 131:115, па негативата од 1-2 ја претвори во водство од 3-2 во победи.
Никола Јокиќ повторно заврши до троен учинок, но овој далеку поскромен од претходните. Србинот натпреварот го заврши со 13 поени, 12 асистенции и десет скока. Затоа, Џамал Мареј беше расположен и реализира 43 поени за Денвер.
За Клиперсите, Хрватот, Ивица Зубац, покрај одличен дефанзивна игра, беше најдобар и офанзивно со 27 поени. Кавај Ленард имаше 20 поени, 11 асистенции и девет скока, но Џејмс Харден беше многу скромен со 11 поени.
Следниот натпревар ќе се игра во Лос Анџелес.