Тимот на Кливленд потврди зошто регуларниот дел од сезоната беше најдобар во Источната конференција на НБА лигата.

Со победата изразена со 55 поени разлика (138:83) и тоа на гостински терен кај Мајами, екипата на Кливленд ја доби четвртфиналната серија со Хит со 4:0.

Донован Мичел постигна 22, Де’Андре Хантер постигна 19, Тај Џером имаше еден помалку , додека Еван Мобли постигна 17 поени. Џарет Ален може да се пофали со дабл-дабл со 14 поени и 12 скока.

Кавалирс сега го чекаат исходот од дуелот Индијана – Милвоки во кој Пејсерс водат со 3:1.

За разлика од тој натпревар, неизвесно беше во Сан Франциско каде Годен Стејт со 109-106 го победи Хјустон.

Џими Батлер со 27 поени и Брендин Подзиемски со 26 поени, беа први стрелци кај „Воините“ за кои Стеф Кари постигна скромни за него со 17 поени.

Голден Стејт сега има водство од 3:1 во победи, а ве следниот меч и можност за пласман во конференциското полуфинале.