Управниот одбор на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Финалниот натпревар меѓу екипите на Вардар и Струга Трим Љум ќе се одигра на 21. мај со почеток во 20:00 часот.
За Вардар тоа ќе биде вкупно седмо финале во Купот на Македонија, а прво по 18 години односно 2007-мата. Тогаш вардарци ја совладаа прилепска Победа и го освоија шестиот куп трофеј.
Стружани во своето второ финале ќе се борат за првата титула.




































