Македонската Втора фудбалска лига влегува во својата завршница, а остануваат уште пет рунди. Денешното 26.коло ветува вистински фудбалски возбудувања. Борбата за е Првата лига е во полн ек, бидејќи само четири екипи се конкуренцијата, а разликата меѓу нив е само пет бода.

Сите погледи ќе бидат насочени кон Штип, каде четврто рангираната Брегалница ја пречекува водечката Македонија Ѓорче Петров.

Победата е императив за двете екипи. Македонија ЃП сака да го зачува врвот, додека Брегалница со победа се враќа во игра за едно од првите три места. Пораз за штипјани не е опција, бидејќи така драстична ќе си ги намалат шансите за едно од трите места.

Исходот од овој натпревар секако со големо внимание ќе го следат и конкурентите Башкими и Арсими. Тие се второто и третото место на табелата, а денеска ќе играат на гостински терен.

ВТОРА ЛИГА – 26.КОЛО

сабота – 26 април (16 часот)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ОСОГОВО – БАШКИМИ
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – АРСИМИ
ВАРДАР Н. – БОРЕЦ
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА
СКОПЈЕ – ОХРИД ЛИХНИДОС
ВАРДАРСКИ – ПОБЕДА
КАМЕНИЦА САСА – НОВАЦИ

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 56 бода, Башкими 56, Арсими 54, Брегалница 51…