Како и што можеше да се очекува, супер ракометното макеоднско дерби меѓу Еурофарм пелистер и Вардар ќе се игра во полна сала.

Од таборот на битолчани објавија дека сите карти се распродадени. Во рекордно време за само половина час сите карти за повој дуел се продадени.

Имено пелистерци како што најавија денеска на пладне ги пуштија во продажба слободните влезници (без сезонски), а само половина час подоцна објавија дека се продадени.

Повеќе од јасно е дека Вардар ќе го чека вистински „пекол“ во салата „Боро Чурлевски, каде во четврток ќе се игра натпреварот.

Овој може да биде еден од решавачките натпревари во борбата за шампионскиот трофеј. Актуелниот шампион Е.Пелистер има 1 бод предност во однос на големиот ривал Вардар.