Познат е терминот на големото ракометно македонско „Супер дерби“ меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Натпреварот од 5.коло во суперлигашката плеј-оф конкуренција ќе се игра во четврток (24 април) со почеток од 18.30 часот.
Од битолскиот тим стигна и информацијата дека картите за дуелот во салата „Боро Чурлевски“ ќе почне да се продаваат утре од 12 часот. Картите ќе се продаваат на стандардните продажни места низ Битола, како и на онлај платформата на клубот https://kartieurofarm.mk/.
Инаку актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во дуелот со Вардар ќе влезе со бод предност. Пелистерци се први на табелата со 11, а Вардар има 10 бодови. Трето рангираниот Алкалоид кој има шест бода, утре ќе игра против Бутел во Автокоманда.
Во третиот натпревар од ова коло во Кавадарци кај Тиквеш ќе гостува Охрид.





































