Откако во саботата прволигашите ги одработија велигденските обврски, денеска тоа ќе го натпреварот екипите во Втората македонска фудбалска лига.

На програмата се дуелите од 25 коло во кое водечкото трио ќе игра пред својата публика, а единствено четврто пласираната Брегалница гостува.

Ѓорчепетровци го пречекуваат тимот на Детонит Плачковица, Башкими е домаќин на Вардарски, а Арсими на Кожув. Штипска Брегалница гостува во Велес кај Борец.

Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Башкими со идентични 53 бодови се на првите две позиции. Веднаш зад нив е Арсими кој има два помалку. Четврто пласираната Брегалница заостанува пет, односно три бодови зад конкурентите за прволигашки статус.

Сите денешни натпревари ќе почнат од 16 часот.

ВТОРА ЛИГА 25 КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – Д. ПЛАЧКОВИЦА
БАШКИМИ – ВАРДАРСКИ
АРСИМИ – КОЖУФ
БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА
ОХРИД ЛИХНИДОС – ОСОГОВО
БЕЛАСИЦА – СКОПЈЕ
НОВАЦИ – ВАРДАР Н.
ПОБЕДА – КАМЕНИЦА САСА

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 53 бода, Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48…