Перо Антиќ, празникот 1 Мај ќе може да си го помине без никакви обврски во Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).
Имено, ден порано на 30 април е закажано Вонредното собрание на МКФ.
Откако Антиќ ,,преживеа” еден ,,пуч”, оивеќе од јасно е дека втор пат нема да се извлече.
Денеска измина и последниот рок по поднесената иницијатива за свикување на Собрание, поднесена од Младен Ѓуровски, а со подршка на над 40 клубови.
Антиќ и сеуште актуелното раководство, не одговорија на барањето во предвидениот рок. Затоа поднесителот, кој според статутот има право, го одреди терминот за одржување на истото.
Така на 30 април, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во 16:00 часот ќе се одржи Собранието на МКФ, на кое ќе биде избран новиот предводник на мак-баскетот.




































