Од синоќешната програма во НБА лигата го издвојуваме натпреварот помеѓу Денвер и Минесота кој го одбележа настапот на Никола Јокиќ.
Ниту неговиот рекордот не беше доволен Нагетс да се спасат од пораз. Тимот на Минесота славеше победа по две одиграни продолженија со 140-139.
Јокиќ помина 53 минути на теренот, најмногу од сите играчи и постигна 61 поен, на кои додаде 11 скока и 10 асистенции. Тоа беше 31-виот троен-ефект за српскиот кошаркар сезонава.
Трагичар на Денвер беше Расел Вестбрук. Тој на девет секунди до крајот промаши чиста ситуација за да ја запечати победата. На спротивната страна Вестбрук го го фаулираше Никеил Александар-Вокер, кој со двете реализирани слободни фрлања и ја доведе Минесота до победа.
Фантастична партија имаше и Стивен Кари кој постигнувајќи 52 поени во победата на Голден Стејт кај Мемфис со 134-125.
Кари натпреварот го заврши со 12 постигнати тројки, заедно со десет скока и осум асистенции. Џими Батлер додаде 27 поени. За Мемфис, Џа Морант постигна 26 поени.



































