Голем скандал се случи на тетовскиот стадион, пред самиот старт на натпреварот во ПМФЛ, меѓу Шкедноија и АП Брера.

Така-наречените „навивачи“ или подобро кажано нецивилизирани луѓе без никаков срам, не го испочитуваа протоколот. Имено, за време на едноминутното молчење за жртвите во Кочани, т.н. „Балисти“ бееја песни за УЧК.

Доколку официјалите лица имаа малку чувство, немаше ниту да го полнат натпреварот, без да ги отстранат овие примитивци.

Бадијала ќе биде сега било какво извинување на ФК Шкендија, па единствена одлука на ФФМ е да забрани присуство на домашните натпревари на тетовската екипа, долг, долг период.