Претпоследната 21-ва рунда од Првата машка кошаркарска лига, стартува денеска и ќе се игра се до недела.

По ова коло може да бидат разрешени и последните дилеми, околу екипите кои ќе разигруваат за титулата, односно за опстанок.

Колото ќе биде отворено попладнево од 13 часот со натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Таму Феникс ќе ја има улогата на домаќин против МЗТ Скопје Аеродром.

Шампионот МЗТ е прворангиран на табелата, а таму и ќе го заврши регуларниот дел од сезоната. Екипата на Феникс, во моментов е на осмото, последното место што води во плеј-офот. Феникс има 30 бодови како и Чаир, а еден повеќе од Тиквеш. Тоа се трите екипи кои останаа во конкуренција за плеј-офот во кој сигурни покрај МЗТ се и ТФТ, Куманово, Кожув и Пелистер.

Екипите на Гостивар, Шкупи и Вардар ќе играат во плеј-аутот без разлика на нивните исходи на последните два натпревари.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 21 коло

Петок / 28 март
13.00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ А.
Сабота / 29 март
17.00 ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
17.00 КОЖУВ – ШКУПИ
19.30 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Недела / 30 март
18.00 ТИКВЕШ – ТФТ
18.00 КУМАНОВО – ЧАИР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 бодови, Работнички 33, ТФТ 33, МКК Куманово 32, Кожув 32, Пелистер 32, Чаир 29, Феникс 30, Тиквеш 29, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 20.