Со двата натпревари што ќе се играта попладнево ќе заврши првата фаза во машката ракометна Супер лига. Веќе е јасно кои тимови ќе разигруваат во плеј-офот за титулата, а кои во плеј-аутот за опстанок.

Единствена не познаница е кој ќе стартува со три, а кои со два бода!? Тоа ќе зависи од исходот на дуелот меѓу Алкалоид и Охрид што ќе се игра во Автокоманда.

За Алкалоид исходот е без значење. „Фармацевтите“ секако ќе пренесат два бода во плеј-оф фазата, а без разлика дали ќе бидат втори или трети. Затоа пак за Еурофарм Пелистер и Вардар исходот од дуелот во Автокоманда е важен.

Имено, доколку Алкалоид победи, тогаш Е.Пелистер че заврши како прв и ќе пренесе 3 бода, а Вардар и Алкалоид по 2. Во случај на нерешен резултат или победа на Охрид, тогаш Вардар ќе биде прв (3 бода), а битолчани и Алкалоид ќе завршат на второто и третото место.

Така пелистерци денеска ќе навиваат за Алкалоид, а вардарци за Охрид.

Натпреварот Алкалоид – Охрид ќе почне од 19 часот, а претходно (18) ќе играат Радовиш и Куманово.