Синоќа се одиграа три натпревари од 13.коло во јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Драматичната победа на Бразил на домашен терен против Колумбија со 2-1, а најзаслужен беше Винициус Јуниор.
Бразил поведе во шестата минута, Винисиус Жуниор беше соборен во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, а Рафиња го реализираше пеналот . При крајот на првото полувреме, Луис Дијаз израмни на 1-1.
Тој резултат беше актуелен длабоко во судиското дополнение на натпреварот. Се играше деветтата деветтата минута од во судиското надополнување, кога Винициус успеа да погоди за 2-1 и победа на Бразил.
Со оваа победа Бразил стигна до 21 бод и барем привремено се искачи на второто место. Да завршеше нерешено, ќе беше на шестото место, последно кое директно води на Мундијалот. Наместо тоа, на таа позиција е Колумбија со 19 бодови.
На другите два натпревари, Парагвај го победи Чиле со 1:0, а Перу славеше над Боливија 3:1.
Вечерва ќе се играат уште два натпревари од оваа рунда, а дербито е 30 минути по полноќ кога стартува дуелот Аргентина – Уругвај.





































