Пред репрезентативната пауза и стартот на мундијалските квалификации, денеска и утре ќе се играта натпреварите од 24.коло во ПМФЛ.
Програмата ќе биде отворена попладнево со натпреварот на теренот „петар Милошевски“ крај ФФМ. Таму својот натпревар ќе го играат Вардар и Шкендија.
Вардарци се во налет, а во пролетниот дел од сезоната на шесте одиграни натпревари имаат само еден пораз. Тој дојде токму од Шкендија која на „Тодор Проевски“ славеше со 1-2.
Тетовци пак на шесте натпревари (вклучувајќи го и Купот) имаат пет победи. Беа поразени само на гостувањето кај шампионот Струга Трим Лум (3-0).
Дуелите меѓу овие два тима секогаш привлекувале внимание, па така се очекува да биде и попладнево од 15 часот. Во истиот термин утре ќе се играат останатите пет натпревари од ова коло.