Фудбалската федерација на Македонија денеска го промовира својот нов подржувач и партнер. 

Станува збор за компанијата „Новоматик“ која во наредните две години ќе спонзорира 1 милион евра за поддршка на македонскиот фудбал. 

Претседателот на ФФМ, Марас Омерагиќ на оваа свеченост истакна. 

„ Номатик Македонија станува горд партнери, поддржувач на Фудбалската федерација на Македонија и најдобрата наша репрезентација. 

Горди сме што добиваме партнер кој отсекогаш ги поддржува спортските проекти и компанија со општествена одговорност кон фудбалот претпозната и по својата поддршка на заедницата. Оваа соработка не е само спонзорство, тоа е спојна заеднички амбиции и взаемна желба за да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси. Ова партнерство е доказ за нашата посветеност нови можности за нашиот тим и за нашите навивачи.

Фудбалската федерација на Македонија никогаш досега во својата историја немала ваков обем на финансиска поддршка и треба да бидеме горди што во нецели два месеца успеавме да привлечеме сериозни компании да бидат значајна поддршка за македонскиот фудбал.

Јас можам само да ви ветам дека, ќе продолжиме во таа насока, бидејќи тоа е многу важно, не само за федерацијата туку и за сите клубови со поддршката ќе можеме да инвестираме во развојот на нашиот фудбал, во инфраструктурата, унапредување на младинските категории и организирање на уште поквалитетни натпреварувања.

Благодарност до сите во Новоматик Македонија, почнувајќи од генералниот директор Александар Симовиќ. Знам дека со цело срце ќе ја бодрите македонската репрезентација и верувам дека заеднички ќе се радуваме на нашите добри резултати во нашата блиска иднина“.