Голема победа остварија ракометарите на Вардар на гостувањето во Охрид откако во рамки на 21.коло ја совладаа истоимената домашна екипа со 27:26 (11:16) и запишаа нови два бода.
Охрид беше на чекор до прекинување на серија порази од Вардар откако во првиот дел стигна до позитива од шест разлика (16:10), а истата предност ја имаа и во вториот дел 23:17. Сепак, финишот мина во знакот на „црвено-црните“, кои од 26-22 со серија од 5-0 стигнаа до победата. Во финишот на дуелот го имаа извонредниот Васил Гогов на голот, кој имаше 11 одбрани. Вуко Борозан кај Вардар со 9 голови беше најефикасен, а на натпреварот Теимураз Орјонкинадзе со 11 голови.
Во Велес имаше исто така драма откако во финишот на дуелот Фриут Ленд Борец водеше со 37:28, но гостите екипата на Прилеп направи серија од 10-1 за конечни 38:38 и по еден бод за двата тима. Притоа во последната минута Прилеп изедначи со голот на Тренчевски. Во последниот напад велешани згрешија, а во последните секунди домашниот голман Ѓурѓевиќ одбрани и спаси бод за екипата на Борец.
Нерешено заври и денешниот дуел во Струга меѓу истоимената домашна екипа и Тиквеш 25:25, додека Еурофарм Пелистер го совлада Бутел со 34:25.
РЕЗУЛТАТИ – 21.КОЛО
ОХРИД – ВАРДАР 26:27
Ф.Л. БОРЕЦ – ПРИЛЕП 38:38
СТРУГА – ТИКВЕШ 25:25
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ 34:25
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 23:19
МРК КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 27:41.
TAБЕЛА: Е.Пелистер 38 бодови, Алкалоид 38, Вардар 38, Охрид 30, Тиквеш 23, Бутел 22, Прилеп 17, Пролет 17, МРК Куманово 10, Ф.Л. Борец 8, Струга 7, Радовиш 4.