Екипата на Работнички славеше победа над Тиквеш со 82-77 во натпревар од 18.,коло на Првата машка кошаркарска лига.
Кошаркарите на Работнички отворија со 7-0, но кавадарчани брзо го надополнија заостатокот. Првиот квартал скопјани го добија само со поен предност (18-17). Во вториот квартал гостите водеа 15.минута (23-28), по што следуваше серија на работнички од 15-1. Тоа на Работнички на одморот меѓу двете полувремиња му донесе предност од осум поени (43-35).
Во третата четвртина во неколку наврати Работнички имаше и двоцифрена предност, најголема од 10 поени. Но, Тиквеш не се предаде па во 34.минута го сврте резултатот во своја полза (70-72). Тешко поентираа двата тима во продолжението, па во завршната минута се влезе со израмнети 77-77. Двата нереализирани напади на гостите со тројка за Работнички ги казни Ефремовски за водство од 80-77, на 26.секунди пред крајот. Тиквеш не најде решение во следниот напад, но при посед на Работнички на 10.секунди до крајот, Ефремовски ги „честеше“ нов напад. Среќа за домаќинот што Младеновиќ не погоди, па Ѓуровски со погодените две слободни фрлања ја потврди победата на Работнички.
Со овој триумф, вкупно единаесетта, Работнички се врати на 3.место на табелата, со два помалку од лидерот МЗТ и еден од ТФТ кој е втор.
Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварот во Гевгелија.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 18 коло
Недела 2 март
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 82-77
Понеделник 3 март
18.00 КОЖУВ – ГОСТИВАР
Сабота 1 март
МЗТ СКОПЈЕ А. – ВАРДАР 88-66
ФЕНИКС – МКК КУМАНОВО 84-75
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 70-103
ЧАИР – ТФТ 84:62
ТАБЕЛА: ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 32 бодови, ТФТ 30, Работнички 29, МКК Куманово 29, Пелистер 29, Чаир 28, Кожув 27 (-1 натпревар помалку), Феникс 27, Тиквеш 25, Шкупи 24, Гостивар 23 (-1), Вардар 18.