Кристијано Роналдо ќе биде член на Ал Наср најмалку уште една година.

Еден од најпопуларните фудбалери, кој неодамна наполни 40 години, а чиј договор истекува летото 2025 година, се согласи да ја продолжи соработката со тимот од Ријад. Договорот е потпишан на 1+1 година.

Оваа информација доаѓа од лолакните арапски медиуми, а се очекува клубот наскоро да излезе со официјални детали.

Португалецот пристигна во Ал Наср на крајот на 2022 година, а оваа сезона има 24 гола и четири асистенции на 26 натпревари. Во кариерата досега има постигнато 924 гола.

Роналдо моментално добива 200 милиони евра годишно од Ал Наср.