Второлигашката мапка кошаркарска конкуренција денеска нуди три натпревари.
Еден од нив е дерби дуелот во Кисела Вода, каде ќе се сретнат второ и трето пласираните екипи на табелата. Составот на Ангели ќе го угости тимот на Маџари.
Епилогот од овој натпревар освен за овие екипи е важен и за неколку останати, пред се новиот лидер Соколи, како и велешки Борец. Имено по вчерашната победа на штипјани над велешани, Соколи сега се лидери на табелата со „скор“ 12-2 (победи-пораз) исто како и Ангели, а еден повеќе од Маџари. Борец пак заостанува три, односно две победи, зад ова трио.
Затоа дуелот Ангели – Маџари е од голема важност, во поредокот пред разигрувањето, односно плејофот. Дуелот во Кисела Вода ќе почне од 16 часот.
Претходно од 13 часот во Струмица кај ФМП гостува Охрид, а колото ќе го заокружат Водно Санс и Бутел.
Натпреварите може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
денеска (недела)
13.00 СТРУМИЦА ФМП – ОХРИД
16.00 АНГЕЛИ – МАЏАРИ
18.30 ВОДНО САНС – БУТЕЛ
Одиграно вчера (сабота)
СОКОЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 93-84
ЦРН ДРИМ – РАБОТНИЧКИ 2018 111-77
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – МЕГА БАСКЕТ 85-73
ТАБЕЛА: Соколи 26 бодови, Ангели 24, Маџари 23, Борец баскет 23, Црн Дрим 23, МЗТ Скопје У.Б. 21, Бутел 19, Мега баскет 19, Охрид 18, Водно Санс 16, Работнички 2018 16, Струмица ФМП 15.