Екипите на Армани Милано и белградска Црвена Звезда забележаа победи на гостувањата во Каунас и Берлин.
Во дуелите од 26.коло на Евролигата, „манекените“ на Армани славеа против Жалгирис, а Црвена Звезда ја совлада Алба.
На дуелот во Берлин италијанската екипа славеше минимална победа со 89-87.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот мина скоро 15 минути, период за кој оствари учинок од 4 поени, 5 асистенции и 3 скокови. За Атмани тоа беше 14-тата победа со која се проби на деветтото место.
Црвена Звезда во Берлин ја победи Алба со 77-71, а трета победа во низа, а вкупно 16-та. Белградскиот тим е на петтото место на табелата со ист скор како и четврто пласираниот Монако. Пред нив се Олимпијакос и Фенербахче.