Машката ракометна репрезентација на Македонија со по две победи, нерешени и порази го заврши својот настап на СП. Во конечниот поредок избраниците на Лазаров Мундијалот го завршија како 15-ти.

Денеска ЕХФ го објави најновото рангирање. На истото нашата репрезентација е на 19-тата позиција.

Лидер останува старо-новиот светски шампион Данска, пред Франција, Германија, Шведска и вице светскиот првак Хрватска. Листата ТОП10 ја заокружуваат: Унгарија, Португалија, Норвешка, Исланд и Шпанија.

Македонските ракометари веќе го почнаа циклусот квалификации за ЕП 2026-та. Победата над Естонија и поразот од Летонија се минато. Пред избраниците на Лазаров претстои двомечот со Словенија во Скопје на 12-ти и во Копер на 16 март.