Синоќа на терените во НБА лига се одиграа девет натпревари. Три од нив, се решаваа во неизвесна завршница.
На дуелот во Портланд се играа и дополнителни пет минути. Откако по регуларниот дел меѓу Портланд и Феникс заврши без победник, по продолжението домаќините славеа со 121-119.
Девин Букер постигна 39 поени за „Сонцата“ кои не беа доволни да се избегне поразот. Сепак Букер со нив стана најефикасниот кошаркар во историјата на Феникс
Во Атланта победникот беѓе решен во последниот напад, а домашниот тим на Хокс славеше над Детроит со 132-130. Тре јанг на 1,6.секунди до крајот реализира за водство на Атланта. Последниот обид на гостите за израмнување беше неуспеше, па Холкси славеа победа по осумте врзани порази.
Јанг натпреварот го заврши со 34 поени и девет скока, а Кејд Канингем кај поразениот тим постигна 30 поени со 14 асистенции.
Индијана ја забележаа четвртата последователна победа совладувајќи ја Јута на гости со 111-112.
Паскал Сијакам десет од своите 22 поени ги постигна во последната четвртина, а на шест секунди пред крајот погоди за 112-108. До крајот домашните само го ублажија поразот.
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Шарлот – Вашингтон 114:124
Њујорк – Хјустон 124:118
Мемфис – Сан Антонио 128:109
Минесота – Сакраменто 114:116
Оклахома Сити – Милвоки 125:96
Голден Стејт – Орландо 104:99