Машката ракометната сениорската репрезентација на Македонија во четврток (09 март), ќе го одигра третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024-та.
Црвено-жолтите ќе ја пречекаат Пртугалија во натпреварот што ќе се игра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.
Ракометната федерација информира дека во продажба се пуштени влезниците за овој меч што се продаваат по цена од 100 и 200 денари, а може да се купат на онјалн на интернет-страната https://mktickets.mk и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Од федерацијата апелираат љубителите на ракометот да дојдат во што е моќно поголем број и да им дадат поддршка на нашите репрезентативци.